Меѓудржавен безбедносен договор кој не го опфаќа прашањето за името да го замени Договорот од Преспа, предлага грчкиот министер за одбрана. Панос Каменос кој истовремено е силен противник на Договорот за името и е дел од владеачката коалиција во Грција на помошник државниот секретар на САД за Европа, Вес Мичел, му изложил план со кој предвидува потпишување на безбедносни договори меѓу Грција, Македонија, Албанија, Бугарија и во подоцнежна фаза и Србија , со цел создавање на оска на стабилност на северната граница на Грција, во која би била вклучена и САД, пренесува Телма.
Според Каменос, тоа би го запрело руското пенетрирање на Балканот и стабилноста во Македонија ќе биде зачувана, без притоа да се опфати прашањето за името.
Каменос предлогот го аргументирал со неговото убедување дека Договорот од Преспа нема да биде ратификуван во Македонија, по што неговиот алтернативен план би ги исполнил геополитичките цели од Договорот, беа да се чепка во името.
Гречкиот министер за одбрана на Мичел му пренел дека грчката страна со Договорот покажала добра волја, но оти резултатот од референдумот во земјава покажува дека мнозинството од граѓаните не го поддржуваат.
На изјавата на Каменос реагираше грчката влада од каде се вели: „Грчката влада останува посветена на Договорот од Преспа. Ги почитуваме уставните процеси во соседната земја и напорите на Заев да ги исполни условите Договорот да стапи на сила“.
Јорго Катроугалос, заменикот на Коѕијас, во интервју на радио изјави дека предлогот на Кеменос никогаш не бил презентиран пред владата и дека во никој случај не може да претставува алтернативен план за Договорот од Преспа.
На предлогот на Каменос реагираше и опозициската Нова демократија, чиј министера за надворшени работи во сенка, Јоргос Кумуцакос, на твитер напиша дека Грција е „единствената земја на планетата со двајца министри за надворешни работи“, според кого „политичката и дипломатска шизофренија на владата во прашањето со Скопје, не само што продолжува, туку сега се извезува и на меѓународно ниво”.