4.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Врв на нарцизмот: Застанала пред олтар, си кажала „ДА“ на самата себе – изјавата ќе ве занеми

32-годишната Лулу Џемима студирала на универзитетот Оксфорд, каде во потполност ѝ се посветила на науката и немала шанса да го пронајде идеалниот партнер.

Лулу Џемима проговорела искрено за “Daily Mail”, кога им открила на новинарите дека всушност не ни размислувала за љубов бидејќи била зафатена со студирање. Во моментот кога почувствувала притисок од родителите, но и од општеството кои постојано ѝ зборувале дека е време да се венча, таа одлучила да направи вистинско венчање и испратила покани до своите пријатели и семејство.

Таа изнајмила венчаница, застанала пред олтарот, па дури и одржала говор пред сите во кој објаснила зошто покрај себе нема маж до својот 32-ри роденден, кој бил на 27-ми август.

Нејзиниот пријател кој работи како веб-дизајнер ги осмислил и испечатил нејзините покани, а втор пријател платил изнајмување на венчаницата додека нејзиниот брат ја припремил тортата.

“Цената на венчаниците во Уганда е многу висока, а кога им кажав дека ќе се венчам за себе, тие ми понудија да ми ја најдат најевтината венчаница. Имаше и негативни реакции во продавницата”, признава Лулу. Кога пристигнал денот на венчавката, Лулу изјавила дека се чувствувала посебно и имала голема трема.

“Поминав неколку минути разговарајќи со пријателите и објаснувајќи им дека нема младоженец – поголемиот дел од нив не знаеја се до тој момент. Бев исклучително среќна, се појавија голем број пријатели како и меѓународни и локални новинари, филмски режисери и претприемачи. Бракот е израз на љубов и посветеност, меѓутоа за многумина се уште претставува единствен начин за гаранција на финансиската сигурност на жените”.

поврзани објави

Последни објави