2.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Јанева самоуверено откри кога Груевски ќе заврши во затвор

Вечерва во новото издание на емисијата „Само Вистина“ специјалната обвинителка Катица Јанева  изјави дека според сите законски рокови , Груевски на издржување на затворската казна за пресудата за набавката на мерцедесот би требало да оди за дваесет дена.

аа на Канал 5 телевизија, рече дека се надева оти СЈО ќе успее да опстане и да се бори против највисоката корупција, и тоа не само кога станува збор за прислушуваните разговори, туку и сега доколку се случува од актуелната власт.

„Нашите предмети нема да завршат со овие пет години мандат. Тој процес трае. Повеќе се насочивме и најмногу работиме на финансиски истраги, да се вратат парите во буџетот, одземени на криминален начин“ изјави Јанева.

Специјалната обвинителка рече дека во обработка на СЈО се 606.550 прислушувани разговори, односно аудио фајлови, од кои досега се преслушани 545.900 разговори.

поврзани објави

Последни објави