Лидерот на „Левица“, Димитар Апасиев кој е жесток критичар на актуелната власт, повторно имаше што да каже. Апасиев на својот профил на „Фејсбук“ повторно се огласи и на саркастичен начин ја „пецна“ Власта.
„Имале 2/3 у Собрание!? Да бе, исто ко што имааа 75% за референдумот“ напиша Апаисев.
Денес во полна сала, со аплаузи и дијаметрално спротивни позиции – власта и опозицијата ги вкрстија копјата околу уставните измени со кои договорот од преспа треба да биде имплементиран.
Премиерот Зоран Заев го образложи предлогот за пристапување на измените кој содржи четири амандмани и рече дека не содржи ништо спорно. Очекува поддршка од пратениците да гласаат по сопствено убедување и без притисоци.
Според деловникот, комисиската расправа може да трае најмногу 10 дена, исто и пленарната седница за прифаќање на владиниот предлог, на која ќе бидат потребни 80 гласа за да продолжи постапката. Во втората и третата фаза се утврдување на нацрт амандманите и усвојување на измените во Уставот, но само со двотретинско мнозинство кое се уште е неизвесно.