Јосип Броз Тито, поранешниот претседател на Југославија и култен лик во историјата своевремено важел за страв и трепет не само на просторите на поранешната држава, туку и пошироко. Кога ќе се спомне името Тито, за него се врзуваат многу контроверзи.
Денеска во Хрватска повторно е актуелно името на Тито, а причината е и повеќе од интересна. Имено учешници во средното училише „Андрија Мохоривќ“ во Ријека на ѕидот во една од училниците пронашел стара слика од Јосип Броз Тито.
Сликата случајно ја откриле откако паднала фотографијата со грбот на Хрватска која што се наоѓала на иста рамка каде што била поставена фотографијата на Тито. Домарот во 1991 година кога се менувал режимот морал да ја тргне фотографијата од Тито.
Но очигледно за да штеди и да не купува нова рамка, ја искористил онаа со сликата на Тито. Но денес очигледно од времето се олабавила и паднала, па учениците беа изненадени и ја фотографиира, па фотките за брзо завршија на социјалните медиуми и станаа хит.