Големо внимание изминатиот период предизвика реалното шоу „Задруга“ кое се реализира и емитува во соседна Србија. Покрај домашните познати и не толку познати јавни личности, за првпат влезе и еден наш претставник, од Македонија.
Станува збор за Елеонора Милјковиќ која има српско потекло. Преубавата Елеонора има завршено право, а водителката на „Задруга“ Душица Јаковлјевик ја претстави како „најубавата Македонка“.
Елеонора во „Задруга“ влезе во текот на вчерашниот ден во пакет со уште два натпреварувачи. Организаторот на ова реално шо со новото трио ги изненади учесниците, но и гледачите, а ова треба да биде најава за дополнителна возбуда во следниот период.