2.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Секоја чест за Еди Рама: Македонија може слободно да земе пример од Албанија

Од нова година во Албанија  ќе бидат затворени сите спортски обожувалнци. Оваа е одлука на Владата во Тирана која веќе го изготви и амандманот на Законот за игри на среќа со кој дефинитивно нема да има место за активности на спортските обложувалници.

Владата на Албанија нареди релокација на сите казина и обложувалници надвор од градските средини, во обид да се спречи ширењето на коцкањето во една од најсиромашните земји во Европа, пренесува “Tирана Тајмс”.

Aлбанскиот премиер Еди Рама, порача дека сите казина, обложувалници и други објекти кои нудат обложување на спортови и трки со животни, ќе мораат да затворат и да се преместат надвор од градските средини до крајот на годината. Оние кои нема да постапат по наредбата ќе бидат казнети.

Според информацијата, оваа година низ албанските обложувалници и казина поминале околу 132 милиони евра, или за 10% повеќе од ланската година.

Премиерот на Албанија исто така ги предупреди и медиумите да престанат со рекламирање на обложувањето, или во спротивно “ќе бидат присилно затворени”.

Toj потенцирал дека иако бројот на казина од 2013 година е намален од 40 на 20, приходот од даноци на државата се зголемил од 32 милиони евра на 47.

поврзани објави

Последни објави