2.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Шекеринска се огласи за истрагата против Османи од страна на СЈО – ова нема да им се допадне на ДУИ

Заменик претседателката на Владата и министерка за обрана, Радмила Шекеринска беше прашана за свое видување околу истагата која СЈО ја започна против вицепремиерот Бујар Османи.

„Функционирањето на правната држава значи дека никој не е над законот, но владеењето на правото исто така значи дека постапките ќе дефинираат дали некој е одговорен, носи таква одговорност или не. Како Влада покажавме дека нема да се мешаме во работата на органите кои мора да бидат независни. Знаеме дека постоеја дилеми, знаеме дека постоеја различни критики дека аршинот е различен. Се покажува уште еднаш дека во оваа држава сите ние ќе бидеме еднакви пред законот“, истакан Шекеринска.

И самиот Бујар Османи истакна дека не се чувствува виновен, нешто што исто така го спомена Шекеринска, но и порача дека ова е уште еден доказ дека Владата не се меша во работата на другите институции.

„Од почетокот на мандатот на оваа Влада кажавме дека ќе се држиме до правилото да не се мешаме во работата ниту на обвинителствата, ниту на судството и тоа вчера се покажа дека е точно и дека не се празни зборови. Вицепремиерот Бујар Османи имаше изјава до јавноста во која кажа дека ги поздравува истрагите дека нема од што да се плаши и дека очекува постапката тоа и да го покаже, рече Шекеринска одговарајќи на новинарско прашање за новите обвиненија на СЈО и дали како Влада очекуваат оставка од Османи“, додаде Шекеринска.

поврзани објави

Последни објави