-0.2 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

На големиот македонски празник: Вардар доби засилување од светски размери

Македонскиот ракометен гигант многумина го оптишаа, но тој покажа дека никој не смее пред време да го згази. Во ЛШ „црвено-црните“ имаат четири победи во исто толку натпревари, а денес на големиот македонски празник 11-ти октормви потпишаа со уште еден светски ракометар.

Кристијан Дисингер потпиша договор со екипата на Вардар. Истиот е во трајност од две години, а Германецот најпрво ќе ги помине лекарските прегледи, па ќе и се приклучи на екипата.

26-годишникот се очекува да ја дели минутажата со Вуко Борозан и да биде огромно засилување на залетаните вардарци во новата сезона. За „црвено-црните“ ова е седмо засилување во новата сезона.

Германскиот репрезентативец зад себе има настапи во екипите на Кил, Либек Шафхаузен и Фризенхајм. Тој е првиот Германец кој остварил соработка со македонскиот шампион.

Вардар игра одлично во новата сезона и се очекува повторно да биде меѓу фаворитите за врвот во Лигата на шампионите..

поврзани објави

Последни објави