4.8 C
Skopje
Saturday, November 30, 2024

(ФОТО) Игор Џамбазов легна во ковчег и порача: Втората ја преживеавме, за третата ќе видиме

Македонскиот шоумен Игор Џамбазов веројатно е личност број еден во државата кој може да ве насмее во било кој момент, но дали овојпат претера со потегот кој го направи.

На Инстаграм тој сподели фотографија лежејќи во ковчег, на која порача: „Втората сезона ја преживеавме, за третата ќе видиме…“. Секако, сето тоа е нормално, кога се знае дека е за потребите на серијата „Преспав“.

Серијата „Преспав“ претставува метафора на реалните општествени случувања во Македонија, во кои се прекршува балканскиот менталитет, од кој ликовите не можат да избегаат, а водени од желбата да ги почитуваат европските стандарди.

Актерската екипа ја сочинуваат Јелена Јованова, Тијана Дапчевиќ, Игор Ангелов, Игор Стојчевски, Васил Зафирчев, Горан Стојановски, Игор Џамбазов и Адриан Азири.

поврзани објави

Последни објави