3.8 C
Skopje
Saturday, November 30, 2024

Кој ќе игра за Македонија против Лихтенштајн: Фудбалерите добија стомачен вирус

На еден ден до мечот со Лихтенштајн во Лигата на Нации, четворица фудбалери на нашата фудбалска репрезентација имаат симптоми на стомачен вирус, објавија од Федерацијата.

Ова се неочекувани проблеми за селекторот Ангеловски, кој за денеска најави и прес конференција во пресрет на саботниот дуел.

Фудбалерите од утринава се жалат на стомачни мачнини, а лекарскиот тим ги презема сите мерки да ги оспособи фудбалерите за извршување на сите активности.

Македонските репрезентативци требаше денеска да имаат тренинг од 11 часот, но истиот е презакажан за во 17.30 часот токму поради овој проблем. Да потсетиме, Македонија утре во Скопје игра против Лихтенштајн.

поврзани објави

Последни објави