7.8 C
Skopje
Saturday, October 26, 2024

Ердоган не можеше против САД и Трамп – на крајот мораше да попушти и да се извини

Со одлуката за ослободување на американскиот свештеник Ендрју Брансон турското судство потврди дека е независно, ова го порача турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во твит упатен до американскиот претседател Доналд Трамп.

„Почитуван господине претседателе, како што отсекогаш сум нагласувал, турското судство независно донесе ослободителна пресуда“, напиша Ердоган на својот Твитер профил.

Тој изрази надеж дека САД и Турција ќе ја продолжат соработката како „сојузници што и се и ќе се борат заедно против терористичките групи“, пренесе Ројтерс.

Трамп претходно му се заблагодари на Ердоган, исто така на Твитер, наведувајќи дека САД многу го ценат тоа што судот во Истанбул го ослободи Брансон и дека овој потег ќе доведе до „добри, можеби одлични односи“ меѓу САД и Турција.

Брансон, чие апсење предизвика дипломатски спор меѓу Турција и САД и кој повеќе од 20 години живее во Турција уапсен е пред две години, а од јули се наоѓа во куќен притвор.

Тој ја напушти Турција минатата ноќ и отиде во Германија каде што, како што рече неговиот адвокат, ќе помине два дена.

поврзани објави

Последни објави