20.8 C
Skopje
Saturday, October 26, 2024

ВМРО-ДПМНЕ: Власта врши прогон прогон преку СЈО за да се одмазди за пропаднатиот референдум

Правосудните институции на чело со СЈО се користат за очигледен политички прогон против поранешни функционери на ВМРО-ДПМНЕ, не само пред 5, 6 или 10 години, туку и пред скоро 20 години, дури и за работи во кои нема случај, додека за милионските криминал на сегашната власт остануваат без судска разрешница, соопштија од ВМРО-ДПМНЕ.

„Покрај СЈО под целосна контрола е и ЈО. Примерите на очевиден криминал, каде Заев од позиција на премиер бара од фирмите да поткупуваат гласачи, тендерите во четири очи од ќерка директор на татко бизнисмен, милионските бизниси кои се доделуваат на ново формирани фирми без никакво искуство во областа и мноштво други сомнителни случаи за кои обвинителството не презема ништо се преседан во светската правна историја и ќе останат запишани како пример за партизирано правосудство. З

оран Заев е поттикнувач, заштитник и покровител на криминалот во оваа држава и затоа СДСМ одби предлог за нова независна обвинителска институција која ќе ги преземе постојните случаи од СЈО и професионално ќе ги истражи сите сомневања за криминал вклучително и последните афери на власта. Заев се плаши од правдата, Заев го штити криминалот“, стои во партиското соопштение.

Од опозициската партија додаваат дека власта прибегнува кон притисоци откако над еден милион и двесте илјади граѓани не излегоа на референдум или гласаа против договорот за промена на името.

поврзани објави

Последни објави