Екипата на Гостивар загуби на вечерашното гостување кај Куманово (63-75) во последниот меч од 2. коло во Првата лига и тоа на начин кој ептен го изнервира тренерот Марјан Србиноски, кој во еден момент максимално збесна на тајмаут во кој со ептен вулгарни зборови им се нафрли на своите кошаркари.
Пцовките се редеа една по друга и силно одекнуваа во салата, а играчите само немо го гледаа својот стратег. Ова се случи во второто полувреме, кога противникот имаше двоцифрена предност, а на гостиварци не им одеше од рака да ја вратат резултатската неизвесност.
Да биде поголем проблемот, односно срамот за поранешниот селектор на Македонија, неговиот излив на бес и користење непримерни зборови за еден педагог, беа слушнати и од целата спортска нација со оглед што тајмаутот беше озвучен и одеше во директен пренос на првиот канал на Македонската телевизија.
Извор: Спорт1