4.8 C
Skopje
Friday, November 29, 2024

Потресното чудо што му се случи на еден Македонец на Света Гора

Порталот Православие неодамна пишуваше за едно чудо што му се случило на еден Македонец на Света Гора во Грција

Според страницата „Aγιορειτικες μνημες“ („Светогорски сеќавања“), а како што пишува Православие.мк чудото се случило пред неколку години во свештениот манастир Дохијар на Света Гора. Чудото го објавил еден монах кој присуствувал на настанот, а за него говорел и на едно предавање во Солун.

Имено, во манастирот Дохијар се наоѓа чудотворната икона на Мајката Божја наречена Горгоепикоос (Скоропослушница).

Секој ден, преподобниот старец Григориј заедно со братството го чита Молебниот канон кон Пресвета Богородица токму пред оваа икона, и притоа се читаат стотици имиња на живи и упокоени христијани, со цел Мајката Божја да ги услиши што поскоро молитвите на верните.

Според објавеното сведоштво, во манастирот, покрај братството, на поклонение било дојдено и 18-годишно момче од Струмица кое било немо. Тоа било дојдено со некој роднина од Солун, кој му раскажувал за манастирот и за чудотворната икона на Мајката Божја. Штом пристигнале во манастирот, и застанале пред чудотворната икона, момчето, кое никогаш во животот немало изговорено ниту еден збор, започнало нејасно да зборува на македонски јазик: „Мајко Пресвета, подари ми здравје!“ Во тој момент, сите запознаени со случајот на младичот биле изненадени. Молебенот продолжил, и веднаш штом молитвата завршила, момчето се обратило кон сите присутни, кои заедно со него се молеле: „Ви благодарам, веќе се чувствувам многу добро.“

Ова е уште еден чудесен доказ за љубовта и силата на застапништвото на Пресвета Богородица, но и моќта на чудотворната икона која како утеха ни е дадена во овој свет. Му благодариме на Бога за сѐ што прави за нас, и за Пресветата Богродица што ни ја дарува, која не нѐ заборава кога ние неа ја забораваме.

Извор: Pravoslavie.mk

поврзани објави

Последни објави