3.8 C
Skopje
Saturday, November 30, 2024

Василевски: Не можам да кажам дали ќе гласам за уставни измени

Не можам ништо да ви кажам. На координација сум, рече пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Сашо Василевски за „Макфакс“ прашан дали ќе гласа за уставни измени.

„Ќе видите“, додаде тој и не ја исклучи можноста да даде зелено светло за почеток на уставните промени.

Пратеникот утрово пристигна во Собранието и се напи кафе со своите колеги пратеници. Координацијата неофицијално требаше да се одржи во 10:30, но таа почнала подоцна.

Тој во вторникот беше пуштен од куќен притвор, со гаранција од 400 илјади евра по изјавата на премиерот Зоран Заев дека нуди помирување за крвавиот четврток.

поврзани објави

Последни објави