На 19.10.2018 година во периодот од 16,30 до 18,30 часот од страна на полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Тетово, по претходна судска наредба.
Бил извршен претрес во домот и помошни простории на Б.Е.(47) од Тетово при што биле пронајдени околу 200 грама наркотична дрога-хероин, две дигитални ваги, два мобилни телефона, една импровизирана цевка и 12.400 денари.
Пронајдените предмети се фотодокументирани, со потврда одземени и дадени за вештачење. Б.Е. бил лишен од слобода и задржан во полициската станица во Тетово за понатамошна постапка.
Во текот на денешниот ден со соодветен поднесок ќе биде изведен пред Судија на претходна постапка во Основниот суд во Тетово.