3.8 C
Skopje
Wednesday, November 27, 2024

(ФОТО) Голманот на Вардар: Се колнам дека тоа не беше гол

Со сомнителен прв гол, Вардар денеска беше поразен од Шкендија. Дали топката ја мина гол линијата или не, не може да се види најдобро, меѓутоа факт е дека и тие што ја донесоа таа одлука, односно судиите, не гледаа во голот.

Најблиску до случувањата беше голманот Филип Гачевски кој ја одбрани таа топка. Тој тврди дека тоа топката не ја мина гол линијата.

„Како прво како спортист сакам да ја честитам победата на Шкендија. Второ сакам да кажам дека првиот гол го реши натпреварот, а тој не беше регуларен. Трето сакам да порачам дека цела јавност и сите од ФФМ треба да превземат нешто, затоа што ова што се случува во Македонија е жално.

За голот можам да кажам дека сум 100% сигурен дека топката не ја мина гол линијата, и можам за се колнам. Мора да се реагира затоа што тој момент го одлучи победникот, а може да влијае и на целото првенство.

И после натпреварот видов дека тој судија што ја донесе одлуката, не ни бил таму каде што треба за да види дали топката ја мина гол линијата. Беше сигурен, тврдеше дека е гол. Од каде таа сигурност кога го нема таму каде што треба да биде. Другиот судија, пак, гледа на друга страна. Навистина жално и срамно“, рече Гачевски.

Уште еднаш фотографијата од спорниот момент каде што се гледа дека дополнителниот асистент крај гол аут линијата не гледа во голот, а помошникот не е на аголот, онаму каде што треба да биде за да види убаво. Во близина на настанот не е ниту главниот судија.

поврзани објави

Последни објави