7.8 C
Skopje
Saturday, October 26, 2024

Мартинијан направи лом во „Ѕвездите на Гранд“, Карлеуша му даде ветување

Започна новата сезона на регионалното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“. Во претходните емисии имавме прилика да гледаме настапи на наши Македонци и Македонки кои одлично се претставија.

Во последната емисија, настапуваше и добро познатото лице, Мартинијан Кириловски од Куманово.

Тој се претстави со песните „Грлица“ од Жељко Самарџиќ и „Параноја“ од Тропико Бенд. По неговата изведва тој доби 3 гласа, од Ана Бекута, Марија Шерифовиќ и Јелена Карлеуша.

Ана и Марија ги повлекоа своите гласови и не сакаа да бидат негов ментор, додека пак Карлеуша го задржа својот глас „да“.

„Речиси никогаш не давам глас ако не сакам да бидам ментор. Многу си сладок и имаш убава насмевка и за да бидеш ѕвезда мора да те сакаат жени. Знам дека имаш една специфичност и дека пелтачиш, а мене тоа ми е секси“ изјави Јелена.

Ана и Марија ги повлекоа своите гласови, а Драган Стојковиќ Босанац истакна дека повеќе би сакал во својата група да има народни отколку поп пејачи.

„Ти во ова музичко натпреварување ќе се победиш самиот себе, а јас ќе те научам како да бидеш најдобра верзија од себе и како се станува голема ѕвезда“, додаде Карлеуша.

Инаку и самиот Жељко Самарџиќ го видел настапот на Мартинијан , па јавно му обрати со коментар на Инстаграм.

„Браво момче, само напред“, напиша Жељко на видеото кој Кириловски го објави на Инстаграм.

Како Карлеуша ќе го подготви Мартинијан за следниот круг, останува да видиме.

Извор: Вистина

поврзани објави

Последни објави