ЗЛАТНА ПЕТОРКА во режија на Горан Тренчовски ја доби наградата за најдобар странски филм на реномираниот филмски фестивал во Велс.Cardiff International Film Festival во конкуренција од над 2000 апликанти, на 21.10.2018 од страна на жири составено од еминенти филмски професионалци ја додели наградата за најдобар странски филм на македонскиот филм ЗЛАТНА ПЕТОРКА.
Со над триесет фестивали и единаесет награди,филмот Златна Петорка е еден од најуспешните македонски филмови во последната деценија.
Филмот веќе трета сезона патува по фестивали и досега е прикажан на сите континенти, учествувал на над 30 фестивали и освоил 11 награди, а го виделе над 80.000 гледачи, со што е најуспешен македонски филм последнава деценија.
Сценариото за овој македонски филм е инспирирано по вистинит настан и е работено по прозни и драмски мотиви на Братислав Ташковски. Директор на фотографија е Апостол Трпески, монтажери се Андрија Зафрановиќ и Аристид Филактов, сценограф е Кирил Спасески, костимограф Нела Тодоровска, шминка Ирена Сенокозлиоска, музиката е на Дарко Спасовски и Горан Керкез. Во филмот улогите ги толкуваат актерите Славко Штимац, Јана Стојановска, Љупка Џундева, Игор Ангелов, Петар Арсовски, Васил Михаил, Ненад Милосављевиќ, Билјана Таневски, Дине Дрваров, Стојан Велков, Александар Ристоски, Влатко Илиевски, Григор Јовановски, Игор Тодоров, Виктор Јакимовски и др. Продуцент е Дејан Милошевски („Револушн“ – Скопје).