Полициски екипи вршат претрес во куќата на Миленко Неделковски во скопското село Ржаничино, пренесе ТВ 21.
Неделковски попладнево беше приведен а тоа го најави самиот Неделковски кој што на својот „Фејсбук“ статус напиша дека е дојдена полиција да го апси.
Основното јавно обвинителство пред три дена отвори истрага за неговите постови на социјалните мрежи, во кои изразува задоволство што летните пожари во Грција однесоа стотици човечки животи.
ОЈО го товари за ширење на расизам и ксенофобија, преку компјутерски систем, од чл.394-г став 1 од Кривичниот законик.