Ниту неколкуте последователни скандали со разголените фотографии на Северина не го разнишаа нејзиниот брак. Напротив, таа и Игор Којиќ деновиве ќе заминат во Чешка, односно во Прага во специјализирана клиника за вештачко оплодување.
Северина има голема желба да добие дете и со вториот сопруг, а во тоа не ја колебаат ниту неуспешните претходни ин-витро процедури.
По препорака на пријатели, Северина и Игор закажале термин во клиниката во Чешка, каде процентот на успешни вештачки оплодувања е многу повисок од која било клиника во Хрватска.
Тие заминуваат на почетокот на ноември, по што започнува терапијата со земање таблети и примање инекции, за потоа да може да се изврши трансфер на ембриони.