Досегашниот потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ и градоначалник на Кавадарци, Митко Јанчев на вечерашниот Централен Комитет на партијата, беше разрешен од сите партиски функции.
Но доколку се сеќавата на изјавата на Јанчев од пред неколку дена, тој беше толку самоуверен дека ова нема да се случи.
„Кој можемене да ме исклучи од ВМРО ДПМНЕ, па тоа е мојот втор дом, баш сакам да го видам тој што мене ќе ме исклучи од мојата партија, тоа е како некој да ви дојде дома и да ве измава од вашата куќа“, велеше тогаш Јанчев.