Манекенката Џорџина Фоулер на социјалните мрежи сподели фотографија на која ја прикажа лошата страна на својата работа после една модна недела во Париз.
Ангелот на Викторија Сикрет објави фотографија од своите стапала преполни со плускавици и модрици предизвикани од високите потпетици кои морала да ги носи за време на ревијата.
“Стапала од модната недела! Модрици од шетање на високи потпетици”, напишала Џорџина на фотографијата на Instagram Story за да објасни дека во манекенството не е сè како што изгледа.
Успешната манекенка неодамна изјави дека сè уште се обидува да не ги сфаќа сериозно критиките кои ги добива.
“За да добиеш работа воопшто не е важно да се биде најубавата девојка на кастингот, постојат многубројни причини поради кои можат да Ве ангажираат. Секогаш говорам дека треба да се сакаме самите себе и дека сè ќе биде во ред”, раскажа Џорџина за Vogue.