Таа е егзотична и неверојатно привлечна, длабока и немирна како морето. Неа ја краси неверојатна интуиција, па силно ја привлекуваат окултните или духовни искуства кои ѝ нудат некаков вид длабок увид. Таа е директна, брилијантна, бестрашна и тврдоглава, па токму затоа и ќе успее да ја надмине секоја препрека во нејзиниот живот.
Ништо не може да ја спречи да ја растури туѓата среќа, доколку смета дека таа ќе биде среќна.
Поради својот став, карактер и животна филозофија, еден хороскопски знак најчесто е во улога на “втора жена”.
Таа самата на себе е најважна. И не, не станува збор за себична личност, туку за потребата да ги задоволи сите свои цели, па дури и ако крши некои правила.
Водена од желбата за освојување, оваа жена лесно се вплеткува во авантури, и тоа во оние во кои остварува врска со зафатен маж.
На Скорпијата ѝ е потребен храбар партнер кој ќе може да ѝ се спротивстави, но и да ѝ овозможи на моменти таа да биде машкото во врската. Во креветот се вистински Амазонки – имаат високо либидо, силна страст и сакаат да овозможуваат, но и да добиваат сензуални задоволства. Често за свои партнери ги одбираат Овните или Девиците, но најдобро се согласуваат со Биковите.
Нема грижа на совест, и нема премногу да се двоуми, дури и ако знае дека нејзиниот нов избраник има сопруг и деца. Таа е себична, сака да доминира и ништо не може да ја спречи да ја расипе среќата на другите, доколку мисли дека тоа ќе ја направи среќна.
Залудни се советите на пријателите, дека среќата не се гради врз туѓа несреќа и дека никој нема право да го загрози она што друга жена го градела со години – Шкорпијата тоа не ја интересира. Таа е најголемата пропаст меѓу сите хороскопски знаци!
Освен Шкорпиите, во оваа смисла, често ништо подобри не се ни жените во знакот на Овен и Близнаци!