2.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

ВМРО НП: Идеалот на новите генерации е да ја видат Македонија како дел од големото Европско семејство и НАТО алијансата

ВМРО-Народна партија упатува честитка до целата нација по повод празникот Денот на Македонската револуционерна борба и 125 години постоење на ВМРО.

Овој историски ден всушност ја отсликува непрекинатата борба на Македонскиот народ која пренесена во континуитет продолжува и денеска со стремежот за економско воздигнување, унапредување на човековите права, благосостојба но и зачувување на ова парче земја односно стремежот за безбеден и сигурен живот во Македонија.

Со остварувањето на вековниот сон кој како дел од Уставот на македонските револуционери, Македонија – независна и суверена држава, се остваруваат и идеалите на нашите предци но и идеалот на новите генерации, да ја видат Македонија како дел од големото Европско семејство и НАТО алијансата.

Нека е за многу години и нека е вечна организацијата!

поврзани објави

Последни објави