„Светот на Делфина“ пишува под сликата која на инстаграм ја сподели академската сликарка Драгица Ристеска- Димитровска, сестра на поп-ѕвездата Елена Ристеска. Делфина е најголемата љубов на Елена, внуката од сестра ѝ.
На сликата со сестрите Ристески е и нивната мајка Деса, за која Елена често вели дека е најгорда на нивните успеси. Очигледно е дека Елена и Дргаица личат на мајка им.
„ Од сестра ми научив да цртам, кога бевме мали постојано ја копирав. Тоа што ќе го нацрташе таа, го цртав и јас. Драгица продолжи на Ликовна академија, а и јас имав такви амбиции.
Понекогаш ми е жал што не станав ликовен уметник, но ете, се одлучив за студии по италијански јазик, и решив да се занимавам со она што најмногу го сакам, музика. Многу сум горда на мојата сестра, и секогаш одам со неа, на сите нејзини интернационални изложби“, изјави Елена во мај, на изложбата „Фрагменти“ на нејзината сестра.
Зошто тетките се закон? Затоа што ги опсипуваат внуците со тон емоции, затоа што кај нив нема правила, како кај родителите, затоа што се кул, затоа ги разгалуваат внуците и со нив се е дозволено…
Токму таква тетка од соништата е и Елена Ристеска на својата внука Делфина. Таа и ги исполнува сите желби на малата убавица, ја шета каде ќе посака, но не заборава и на едукативната нота, па ја учи корисни работи.