13.8 C
Skopje
Wednesday, November 27, 2024

Груевски: Посакувам силно и обединето ВМРО-ДПМНЕ кое брзо ќе го урне ова зло во Македонија

Обвинетиот екс премиер, Никола Груевски, изјави денеска дека не ги знае причините на неговата матична партија за исклучување на неколкумина функционери. По завршување на денешното рочиште за предметот „Титаник“, Груевски изјави пред судот дека се воздржува од коментари за да не погреши.

-Не ги знам сите аргументи и докази со кои располага раководството на ВМРО-ДПМНЕ и врз основа на кои ги темели своите одлуки. Ќе се воздржам од коментари затоа што можам да погрешам во една или друга насока. Посакувам силно и обединето ВМРО-ДПМНЕ кое брзо ќе го урне ова зло кое го има Македонија. Се покажа и се покажаувало во минатото секогаш кога ВМРО-ДПМНЕ е силно силна е и Македонија. Убеден сум дека и граѓаните го посакуваат тоа – рече тој.

Инаку, адвокатите на Груевски потврдија дека во понеделникот ја добиле извршната пресуда, а сега чекаат да биде формиран упатниот акт на кој ќе биде означен датумот, часот и затворот каде Груевски ќе треба да се јави.

поврзани објави

Последни објави