Најголемата македонска опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ ќе го продаде своето централно партиско седиште, палатата „Христо Татарчев“ која беше изградена наместо старата жолта куќа во времето на Никола Груевски, информира порталот Skopje1.mk според високи извори на партијата.
Според информацијата која ја пренесува порталот, овластен проценител утврдил дека пазарната вредност на зградата е 14 милиони евра, а на градежното земјиште е 500. 000 евра.
Со дел од парите ќе го вратиме кредитот кој партијата го има во една од банките, ќе купиме поскромни простории од постоечките, а другиот дел ќе го донираме во различни хуманитарни цели, вели за Skopje1.mk високиот партиски извор од врвот на ВМРО-ДПМНЕ.
Целиот текст прочитајте го – ОВДЕ