Под влијание на невообичаено топол воздушен бран кој уште во текот на денов ќе продре од југ, во текот на следните денови ќе имаме невообичаено високи температури на воздухот и истите ќе бидат дури за околу 10 степени повисоки од нормалните, истите ќе се искачуваат во интервалот од 19 до 25 степени, објави метеорлогот Славчо Попоски.
Времето ќе биде претежно стабилно и суво, во недела и во понеделник повремено и локално ќе има малку поголема облачност и има услови за сосема слаб локален дожд претежно во попладневните и вечерните часови.
НАПОМЕНА: Поради силното јужно и југозападно воздушно струење во следните денови ќе започне да се врши транспорт на прашина и на песок од Сахара кон нашата територија.
Ќе започне да дува и умерен до засилен ветер претежно од јужен правец.