2.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Хумани сте луѓе: Започна лекувањето во Германија на Сара од Охрид

Петнаестгодишната Сара Настеска од Охрид заедно со своето семејство отпатува за Германија каде ќе започне нејзиното лекување, овозможено благодарение на многу хуманитарни акции спроведени низ целата земја.

Нејзиното семејство упати огромна благодарност до сите што помогнаа за реализацијата на целта – почеток на лекувањето на Сара, на која во август и беше дијагностицирана Anemia Aplastica, болест што може да се лекува со трансплантација на коскева срж.

Донор на сржта ќе биде нејзиниот помал брат Виктор, кој исто така веќе е во Германија, а договорено е со медицинските екипи во текот на оваа седмица да почнат испитувањата што претходат на лекувањето, а ги опфаќаат двете деца.

За лекување на Сара во Германија беа потребни околу 200 илјади евра, средства што нејзиното семејство не можеше да ги обезбеди. Парите беа собрани преку донации откако беше мобилизирана речиси целата јавност во Охрид, што потоа се прошири низ целата земја, демонстрирајќи ја хуманоста на поединци, лица од уметноста, пејачи, спортски клубови, институции, фирми, установи.

Драги луѓе, нашето утринско кафе во некое кафуле или пијачката во некоја вечерна дискотека, можат да спасат живот. Тоа се работи без кои секако ќе преживееме и ни значат малку, а ако ги донираме за малечката Сара ќе значат премногу!

На петнаесетгодишната Сара Настеска од Охрид дијагностициран и е малиген тумор „Anemija Plastica“ кој ја напаѓа коскената срж и не дозволува правилна регенерација на крвта во организмот.

Во најкраток рок на Сара треба да и се изврши трансплантација на коскена срж, што според нејзиното семејство е единствена можност за целосно излекување и враќање во нормален живот на девојчето. Единствен сроден донор е нејзиниот две години помал брат. Зафатот и лекувањето чинат 200.000 евра во специјализирана детска болница во Германија, која нуди висока успешност со низок ризик, стои во апелот на семејството Настески за помош на малата Сара.

Доколку сте во можност да помогнете уплатата може да ја извршите на следната жиро сметка: 200001557959672 – Горан Настески, депонент Стопанска банка.

Отворени се телефонски броеви за донации за помош на Сара Настеска од Охрид.

T-Mobile: 143 102
VIP: 143 480

Да ја покажеме уште еднаш суштината на нашата вродена човечка добрина и да го спасиме нашето ангелче Сара!

Охрид и Македонија за САРА!

поврзани објави

Последни објави