-1.2 C
Skopje
Wednesday, November 27, 2024

Вицови за бракот – како оди брачниот живот

Се среќаваат Перо и Митре, па првиот прашува:

Кај си бе, Митре, брат. Како оди брачниот живот?

Виси на влакно брат.

На какво влакно бре?

На русо, што ми го најде Стојанка пред три дена на палтото.

Некоја жена ги омажила своите три ќерки во ист ден, и при разделбата им кажала:

Пишете ми како ви е во бракот, а место зборот секс напишете колачи, за да не дознае татко ви.

После некое време и пишува најстара ќерка:

“Драги мама и тато, мене ми е убаво во бракот, но колачи некако слабо, еднаш неделно…“

Следниот ден и пишува другата ќерка:

“Драги родители, јас живеам како во бајка, имам се што ќе посакам, а колачи само еднаш месечно“. И на крај добива писмо и од најмалата ќерка: “Драги мама и тато, јас и маж ми немаме скоро ништо и едвај имаме за храна. Но колачи има секој ден!

Ако нема колачи тогаш мажот ја лиже тепсијата, а јас кутлачата“.

поврзани објави

Последни објави