6.8 C
Skopje
Friday, November 29, 2024

Политичарите од Унгарија децидни: На Груевски местото му е зад решетки, Орбан да го екстрадира во Македонија

Опозицијата во Унгарија децидна: На Груевски местото му е зад решетки, Орбан да го екстрадира во Македонија

Унгарската националистичка партија Јобик, како и левичарските партии како Дијалог и Демократска коалиција, денеска порачаа дека на Груевски треба да му биде одбиен азилот и дека тој треба да биде екстрадиран во Македонија.

Пратеникот и портпарол на Јобик, Адам Миркоцки, ја нарече ситуацијата „скандал без преседан“, велејќи дека Груевски е „баран криминалец“ од земја што не е во војна и дека не бил прогонуван од верски или политички причини.

Ричард Барабас, портпаролот на партијата Дијалог, рече дека на Груевски местото му е зад решетки.

Никола Груевски избега од Македонија пред да почне да ја отслужува двегодишната затворска казна за корупција.

поврзани објави

Последни објави