6.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

(ФОТО) Платаки низ цела Унгарија – „Се бара Груевски“

Плакати на кои пишува „Се бара Груевски – Владата е подготвена да прими уште еден осуден криминалец“, излепила опозициската партија во Унгарија, Моментум на повеќе локации во Будимпешта, пренесуваат унгарските медиуми.

На плакатите пишува и дека „Груевски не е првиот криминалец што го прифаќа Унгарија: меѓународни криминалци доаѓаа во Унгарија како соработници на сирискиот диктатор“, алудирајќи на лица кои плаќале пари и купувале обврзници, а на сметка на тоа добивале унгарско државјанство.

Моментум е прилично млада опозициска партија во Унгарија основана во 2016 година и не доби доволно гласови на последните избори за да добие свој претставник во Парламентот.

Претходно беше објавена и официјална рута по која се движел Груевски при бегството од државата. За тоа може да прочитате повеќе на линкот ОВДЕ.

– Одговарајќи на големиот интерес на медиумите за влез и излез од територијата на Република Албанијана на лицето Никола Груевски, информираме дека истиот на 11 ноември 2018 година во 19:11 часот излегол од Албанија преку преминот Хан Хоти во правец на Црна Гора, како патник во автомобил со регистарски ознаки CD1013A,сопственост на амбасадата на Унгарија во Тирана, соопшти албанската полиција.

поврзани објави

Последни објави