Новинарот на Телевизија 21, Фуркан Салиу на својот Твитер профил сподели видео, на кое се гледа како му дава пари на еден од протестантите, за време на денешниот собир.
Под објавата Салиу пишува: „#БОЈКОТИРАМ sponsored by Janko Baçev“.
Со ова видео само уште еднаш се поставува прашањето, дали протестите се организираат со друга намера и дали некој за тоа дебело плаќа.
Протестантот кој прима пари, можеби истите ги зема од друга причина, а во што ќе верувате, останува сами да одлучите.
#БОЈКОТИРАМ sponsored by Janko Baçev pic.twitter.com/gY9Fd5svqT
— FurKlan (@FurkanSaliu) November 15, 2018