7.8 C
Skopje
Friday, November 29, 2024

Легендата Џамбазов го извади македонското знаме во бугарското шоу на Слави Трифунов и ја запеаа „Хотел Македонија“ (Видео)

Кога ќе се спомне името Игор Џамбазов, никој во Македнија не останува рамнодушен. Но, овој легендарен човек, не само што не остава рамнодушен никој во Македонија, туку истиот во минатото има воодушевено и публики од други земји.

Игор Џамбазов пред многу години, во далечната 2001 година има гостувано во шоуто на популарниот Слави Трифонов.

По самата најава на Слави, Џамбазов го стави македонското знаме на масата на популарниот бугарски шоумен, при што го започна своето гостување со зборовите: Е, вие цела историја тоа го сакате – знамињата да се близу едно до друго, вели Џамбазов.

Ако го тргнеме настрана романтичниот дел на историјата, ако пукне кај нас, ќе дојде и до вас, не во Бугарија, но до Бугарија, му вели Џамбазов во тогашната емисија на Слави Трифунов.

Џамбазов ја изведува и една од најпознатите негови песни „Хотел Македонија“, песна која се случи кога Македонија прими 350. 000 бегалци од Косово.

Еве го ова популарно гостување кое ќе остане запаметено во историјата:

поврзани објави

Последни објави