Никола Груевски се уште не ја напуштил територијата на Албанија, тврдат за ТВ 24 добро упатени извори во Тирана.
Според изворите на телевизијата сосема е извесно дека Груевски вечерва ќе побегне од Албанија по морски пат и тоа најверојатно во правец на Грција. Очекувани се три рути преку кои Груевски би одел, од Валона, од Саранда или од едно помало приморско градче.
Последната позната дестинација се очекува да биде Турција, каде исто така би пристигнал преку море. Груевски, велат нашите извори од саботата бил засолнет во мало погранично село, со целосна логистика што му овозможила да биде добро сокриен.
Албанија веќе потврди дека Груевски престојувал во нивната земја, но аспоред нивната полиција, тој ја напуштил државата на 11-ти ноември и заминал кон Црна Гора. Од Црна Гора исто така официјално велат дека Груевски бил и во Црна Гора, но веќе не е таму без да изнесат дополнителни детали.
Останува нејасно како во овие две земји членки на НАТО, Груевски ги минувал границите без валиден пасош.
Извор: 24.мк