3.8 C
Skopje
Friday, November 29, 2024

Јанкулоска: Имам многу пријатели Албанци, во ниту еден момент не ги сметав за помалку вредни, ги почитувам

Екс министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска во интервју за ТВ21 на прашањето на новинарот: Дали ја посетува чаршијата и дали има проблем со движењето одговори:

Шетам секаде, има секакви реакции од луѓето, но не се чувствувам загрозено. Немам обезбедување, а во последните неколку месеци шетам заедно и со мојот син кој има само неколку месеци, вели Јанкулоска.

На прашањето пак дали во приватната комуникација и денес им се обраќа на албанците со шиптари, а на ромите со цигани, Јанкулоска вели:

Материјалите кои се предложени и изведени во доказна постапка се крајно проблематични од нивната доказна вредност, пред се мислам на нивната автентичност и целовитост.

Јас, лично, ниту едно лице во кругот на најблиските пријатели од тој колоквијален јазик не се изразува исто како што се изразува во официјалната комуникација. Но по однос на сушината на она што ве интересира морам да ви кажам дека имам многу пријатели, колеги, вклучително и од албанската етничка заедница и ромската популација. И во ниту еден момент не сум ги сметала за помалку вредни, или луѓе кои не заслужуваат почит.

поврзани објави

Последни објави