Кражбата на гласови на избори е толку голем за младите балкански демократии како што се Црна Гора, Србија и Македонија, што се претвори во вицеви, пренесува црногорски Вести.
Филип Стојановски, уредник на порталот GlobalVoices.org за Источна и за Централна Европа, одлучил во изборната година да ги забележи вицевите кои останаа запаметени кај граѓаните.
Кога е во прашање Црна Гора, вицот се однесува на праксата од избирачкиот список да не се бришат мртвите.
Дошол Црногорец на гласачко место за да гласа.
По завршување на гласањето, побарал од луѓето од комисијата да му дадат стол за да седне. Повелете столица, дали ви е добро господине, го прашале тие. Добро ми е само ќе го почекам татко ми да дојде на гласање, вели Црногорецот.
Па ќе дојде вашиот татко дома после гласањето?
Он не доаѓа дома, еве има веќе 10 години, затоа што е починат, но редовно излегува на избори, па реков да го видам.
Кога е Србија во прашање, авторот забележал повеќе примери:
Кандидатот за градоначалник во некое село држи говор, па вели:
До вашето село ќе направиме асвалтиран пат! Ќе направиме и водовод! Ќе изградиме и училиште. Некој од масата рекол – но во селото нема деца!
– И деца ќе ви направиме!
Доаѓа ппремиерот на Србија во посета на градинка. Гледа мала група на деца како си играат и му вели на својот министер за финансии.
Пиши чек на 5000 евра за подобрување на животниот стандард во градините.
Овој пишува чек. Одат понатаму и стигнуваат во затвор. Гледаат малку затвореници и тој вели: Пиши чек на 500. 000 евра за подобрување на животните услови во затворите.
Па како за децата 5000 евра, а за овие злосторници и затвореници 500. 000 евра, прашува министерот а премиерот му вели: А ти да не мислиш дека ќе одиш во градинка после наредните избори?