Го слушав внимателно министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски за театарската претстава во која беа вклучени токму институциите.
Гледавме како полицајците шетаат во зградата на Никола Груевски, па како половина час ѕвонат на врата, тоа сето е театарска претстава за деца. Суштината е каде е одговорноста во овој случај, вели тој и притоа додава:
Да, миинистре, ако станува збор за апсење на мене, на Геро, или на било кој друг обичен граѓанин, таа е процедурата, но за Вас Никола Груевски долги години беше „Никола диктаторот“, вели Петар Богојески од ВМРО-ДПМНЕ.
Како може тој да каже дека не можел да постапува. Негова задача е да знае, ако не тој, негови потчинети кои земаат плата за тоа. Има нешто што се вика морална одговорност. Во нормалните западни земји, не може ваков случај, ваков скандал на суспендирање на правото и правната држава, на злоупотреба на царински служби, да се дозволи тоа да помине со две три изјави и еден настап на телевизија.
Мора некој да понесе одговорност за овие шокантни случувања кои го шокираат и светот и мора некој да си оди од функцијата. А после тоа ќе дискутираме за писмата на Мијалков, дали се договорени или не, расположен сум да разговарам за тоа, но првенствено мораме да го расчистиме театарот во кој се вмешани државните институции за партиски цели.