7.8 C
Skopje
Friday, November 29, 2024

Заев: Постои опција Груевски да е киднапиран

Премиерот Зоран Заев кажа дека очекува и избеганиот осуден пратеник и експремиер Никола Груевски кој бара азил во Будимпешта и Унгарија да кажат дали тој е во бегство или е киндапиран. На денешната презентација на Буџетот за 2019, Заев кажа дека уште во вторникот на 13 ноември министерот за внатрешни работи на Унгарија се јавил кај Спасовски и потврдил дека Груевски е таму и дека барал азил и оти тие остануваат наши пријатели, информира порталот СДК.мк

„Секоја амбасада и дипломатско возило се екстериторијалност и од тој аспект јавно прашувам дали е во бегство или е киднапиран“, рече Заев.

„Да не се шпекулира, Груевски е во Будимпешта. Сите иформациите се доставени. Во Албанија и Црна Гора не се води истрага, туку тука. Има две истраги, една води внатрешната контрола на Министерството за внатрешни работи, а друга на Јавното обвинителство за бегството на Груевски. Кога ќе заврши истрагата, МВР ќе ги соопшти сите детали. Истрагата треба да утврди како избегал Груевски од Македонија“, изјави Заев, пренесува СДК.мк

Во последните неколку денови се појавија нови, но различни информации од медиумите за тоа како побегнал Груевски, но и за тоа каде истиот се наоѓа сега.

Според информациите кои синоќа ги објави ТВ24, Груевски до вчера се уште се наоѓал во Албанија, од каде што по морски пат требало да се упати кон својата следна дестинација.

поврзани објави

Последни објави