Премиерот Зоран Заев во вечерашното интервју на телевизија Алсат М го разјасни својот став што значи помирувањето во Парламентот.
Тој истакна дека е подготвен и сака Македонија да оди напред, поради што верува дека може да се изгласа закон за аменстија, во кој ќе бидат вклучени луѓето што на 27 април биле околу Собранието, но не учествувале во инцидентите.
-Сите што не учествувале во насилството и не биле дел од организаторите внатре, јас немам проблем преку нив да го направиме помирувањето. Тоа може да биде закон за амнестија, донесување на одлука на Парламентот во рамки на своите надлежности. Тоа не е мешање во судството, Парламентот има свои надлежности, рече Заев.
Нормално, во сето ова не се вклучени оние личности кои беа иницијатори и направија голем хаос во Собранието на „крвавиот четврток“.