11.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Писмо на еден татко до неговата ќерка за идниот маж, кое секој треба да го прочита

Овој загрижен татко ставил во едно писмо сè што не е во ред со планетава и меѓучовечките односи. Тој сака неговата ќерка да биде среќна…

Драга,

Неодамна јас и мајка ти баравме некои одговори на Гугл. Почнавме да внесуваме прашање во пребарувачот и веќе на половина, Гугл прикажа листа на најпопуларните пребарувања на таа тема. На врвот на листата стоеше: „Како да го одржиш заинтересиран?“

Се запрепастив. Исчитав безброј текстови за тоа како да бидеш секси, кога да му донесеш пиво, а кога сендвич и начините на кои треба да направиш да се почувствува паметно и супериорно.

Се разбеснев.

Малечка, никогаш нема да биде и никогаш не било твоја работа „да го одржуваш заинтересиран“.

Малечка, твојата единствена задача е длабоко во својата душа да знаеш дека ти си вредна за внимание. Ако си свесна за своите вредности, ќе бидеш атрактивна и посакувана во најдобра можна смисла. Ќе привлечеш момче кое е способно да ги препознае твоите квалитети и кое е спремно да го посвети својот единствен живот на тебе.

Малечка, ти зборувам за момче кое не е потребно да го „одржуваш заинтересирано“, затоа што тој знае дека ти се интересна.

Баш ми е гајле дали тој ги потпира лактите на масата, затоа што неговиот поглед е фокусиран на тоа како носот ти се брчка додека се смееш и не може да го тргне погледот од него.

Баш ми е гајле што не знае да игра голф, па не може да изигра партија со мене, сè додека си го следи своето срце, а тоа секогаш го носи до тебе.

Баш ми е гајле што е јак, додека ти овозможува да ја јакнеш силата на своето срце.

Ни малку не ми е грижа за кого тој гласа, додека секое утре се буди и те избира тебе за посебното место во вашиот дом и посебното место во неговото срце.

Не ме интересира ни бојата на неговата кожа, додека платното на вашиот заеднички живот е обоено со трпение, пожртвуваност, чувствителност и нежност.

Не ми е важно како е религиозно одгледан, оваа или онаа или ниедна религија, ако е одгледан да го цени животот и ако секој момент што ќе го помине со тебе му е свет.

На крајот малечка, ако налеташ на таков човек, а тој и јас немаме ништо заедничко, ќе ја имаме заедничка најважната работа:

Тебе.

На крајот на краиштата, малечка, единствено што треба да правиш за да го „држиш заинтересиран“ е да бидеш ти.

Твоето вечно заинтересирано момче,

Тато

Извор: Кафепауза – ОВДЕ

поврзани објави

Последни објави