Синоќа на регионалниот пат Охрид – Свети Наум, автомобил управуван од охриѓанец се запалил во движење. Истиот изгубил контрола над возилото и излетал од патот.
„На 17.11.2018 година околу 22,30 часот на регионалниот пат Охрид – Свети Наум додека Ц.К.(33) од Охрид управувал патничко моторно возило „Пежо“ со охридски регистарски ознаки, возилото се запалило во движење, Ц.К. изгубил контрола над него и излетал од патот.
-Во незгодата со тешки телесни повреди (изгореници) се здобил возачот, кој е пренесен во Општа болница Охрид. Извршен увид на местото на настанот“, велат од МВР.