6.8 C
Skopje
Friday, November 29, 2024

Само во наше Скопје: Побрзо ќе стасате авионски до Истанбул, отколку од Автокоманда до Карпош

Три клучни сообраќајници месецов беа или уште се во градежни активности поради што градот е целосно закочен. Во Центар повеќе не е во функција Јужен булевар сообраќајница преку која скопјани од Карпош и Центар возеа кон Аеродром и Кисела Вода. Во Бутел се гради булеварот Христијан Тодоровски Карпош, а се работи и на неколку помали улици, а пред само неколку дена се работеше и на Партизанска. Со протестите пред Собрание, Скопје стана град невозможен за возење, пишува Вечер.

Невидени гужви, семафорите светат зелено, но нема никаква проодност на сообраќајот. Ваквата слика стана секојдневие по скопските улици особено кога граѓаните доаѓаат и заминуваат од работа. Километарските колони, пак, освен што го отежнуваат сообраќајот при што се случува и по саат време да се вози од Карпош до Центар или од Центар до Аеродром, стоењето во место со автомобилот дополнително го загадува и така затруениот воздух. Причината за сообраќајниот метеж граѓаните ја лоцираат во градежните активности на неколку клучни сообраќајници во главниот град, па жителите се принудени да вртат од подалечни места за да стигнат до дома. Дел од причината велат е и покрај тоа што се затворени клучни булевари, сообраќајот се пренасочува на сообраќајници кои не можат да одговорат на метежот, па возачите се принудени по неколку пати да вртат кругови за да стигнат до дома.

– Од Карпош 3 до Автокоманда возев 50 минути. Колоните по два километри, гужви, семафорите светат зелено, но не е проодно. Се гради нешто на секој метар, а паркинг оди најди, вели изреволтиран скопјанец.

– Живееме во Центар и решивме да ручаме во Ѓорче. Закажавме по телефон за 15 минути колку што ни треба да стигнеме да биде готово јадењето, а ние 50 минути возевме и не стигнавме ниту до половина пат. На крај се откажавме им се извинивме во кафаната и се вративме дома, вели Јована од Центар.

Три клучни сообраќајници месецов беа или уште се во градежни активности поради што градот е целосно закочен. Во Центар повеќе не е во функција Јужен булевар сообраќајница преку која скопјани од Карпош и Центар возеа кон Аеродром и Кисела Вода. Сега се принудени да возат само по улицата Јордан Мијалков или во хаосот низ центар. Оваа сообраќајница што треба да биде подземна нема да биде во функција најмалку шест години со што е пренасочен голем дел од сообраќајот.

Истовремено на крајот на булеварот Св. Климент Охридски и почетокот на булеварот Мајка Тереза што води кон Државна болница од лево е ископана огромна дупка што е проблем за возачите бидејќи пешаците се движат по коловозот.

Од Град Скопје велат дека во моментов Градот Скопје работи на повеќе локации каде се извршуваат градежни работи за реконструкција на коловоз, изградба на вело патеки и други инфраструктурни проекти.

– Најголемите активности се втората фаза од изградбата на бул. Христијан Тодоровски Карпош, во Бутел проширувањето на бул. Босна и Херцеговина што ги поврзува Бутел и Шуто Оризари. Ова се капитални инфраструктурни проекти и нивната реализација ќе трае подолго. Паралелно, се работи и на изградба на атмосферска канализација на дел од улицата Бутелска, на потег од улицата (кај Солопром) до раскрсницата со улицата „Александар Урдаревски“, каде треба да се поврзе со канализацијата на оваа улица, согласно потпишаниот договор изнесува 6 месеци, но согласно динамика очекуваме градежните работи да завршат порано, велат од Градот.

Месецов се реконструираше и булеварот „Партизански одреди“ од мостот „Обединети нации“ до кружниот тек кај Порта Влае, како и улицата “Ацо Шопов” во Карпош, а се работи на нив или ќе се работи и на улиците „Брадфордска“ и „Лондонска“ во Карпош, улицата „Антон Попов“ во Кисела Вода. Реконструкцијата на Партизанска дополнително го направи невозможно возењето кон Ѓорче Петров и околните места.

Претходно започна и втората фаза од проектот за изградба на булеварот „Христијан Тодоровски Карпош“ во Бутел. Освен градежните активности, организираните протести пред Собранието секој ден во 17 часот дополнително ги наелектризираа возачите кои поминуваат по оваа рута. Сите активности пак предизвикаа наместо за 15 минути колку што реално биле претходно релациите да се вози до истото место и по саат време.

Извор: Вечер

поврзани објави

Последни објави