7.8 C
Skopje
Friday, November 29, 2024

Најнови информации за тоа каде е Никола Груевски

Екс премиерот на Република Македонија Никола Груевски кој се втурна во бегство, наместо на издржување на двегодишната затворска казна и натаму се наоѓа на територијата на Унгарија, пренесува Телма телевизија.

Министерството за внатрешни работи за Телма потврдило дека засега официјално поранешниот премиер на Македонија не се упатил кон друга држава и дека од унгарските власти ќе чека политички азил.

Засега нема нови официјални детали од МВР за начинот на кој осудениот Груевски побегнал од државата, како ја преминал границата со Албанија и кој се учевствувал во организација и спроведување на бегството, пишува Телма.

Лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски вели дека Груевски е жртва на политичкиот прогон од страна на власта предводена од аболираниот Зоран Заев, притоа додавајќи дека не го оправдува чинот на бегство.

поврзани објави

Последни објави