4.8 C
Skopje
Friday, November 29, 2024

Најново: Груевски со порака до протестантите за „Слободна Македонија“ (Фото)

Не запира хуморот на сметка на бегството на поранешниот премиер на Република Македонија Никола Груевски, кој според најновите информации кои се пласирани во медиумите се уште се наоѓа во Унгарија.

Од тоа дека си грмат со статуси за неговата маленкост, со тоа дека УМС на ВМРО-ДПМНЕ ќе организира планинарска тура од Скопје до Будимпешта, па се до оваа реченица:

„Сеа ко ќе почнат да се*ат феминискиве, како смеел да се облече шефот Никола како жена, крајот нема да им се види“, граѓаните не запираат да ја користат својата смисла за хумор и да измислуваат нови коментари, твитови, статуси, но и да прават нови фотографии и видеа со кои се обидуваат да внесат хумор во сериозноста на оваа ситуација.

Така шетајќи по социјалните мрежи, наидовме на овој коментар:

Фото

Заев да прекине да гледа холивудски булшит продукции. Никој не ме киднапирал, се занесов со точакот, ја поминав албанската граница и после ми беше глупо да се враќам назад.

PS: Браќа не ме чекајте за протестот капариравме еден балон за мал фудбал, ќе биде педерски да ги оставам момците на цедило.

Претходно, истиот граѓанин имаше објавено фотографија која предизвика лавина од реакции и коментари на социјалната мрежа Фејсбук.

Еве за што станува збор:

Фото

поврзани објави

Последни објави