И мене ужасно многу ми недостасува дедо ми.
Посакуваше да го слуша звукот на високите потпетици, еден ден кога јас и сестра ми ќе пораснеме и ќе чекорме по скалите тропајќи.
Никогаш не успеа да слушне..
Ни подари волшебно детство, детство за кое секое дете мечтае да го доживее.
Неговите вредни раце направија куќарки за птици на кои ги има иницијалите од нашите имиња.
Куќарките се уште закачени на дрвјата во дворот, него го нема да види како птиците се вгнездуваат во нив секоја пролет.
Лулашки, клацкали, полни базени со вода, прскалки и што ли уште не..
Како да заборавам?
Се е тука, спомените се тука, него го нема..
Љубовта која тој ја чувствуваше за мене и сестра ми ја препознавав во сјајот на неговите небесно сини очи.
Каков дедо имав јас.. Ах каков дедо имав..
Ќе ме качеше на точак, јас позади, а сестра ми во корпа напред. Баба ми ќе ни подготвеше сендвичи, и правец на пикник покрај Треска.
Какви доживувања имав, каков дедо имав…
Ми недостасува, проклето многу ми недостасува неговото присуство.
Имал тежок и суров живот пред да дојдеме на свет јас и сестра ми, ние ги избркавме сивите облаци кои беа над него, го огреа сонце, почна да живее.. Живееше за нас..
Секогаш кога беше на чекор до смртта, помислата на мене и сестра ми го враќаше во живот.
Како да заборавам? За што живеел, што бевме јас и сестра ми за него, што тој за нас?…
Секој ден ги освежувам сеќавањата на него, неговиот лик и секоја бора на неговото лице сакам да остане запаметена.
Тој човек не заслужува да се фрли во заборав, секогаш ќе живее во мене..