Поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска денес по распитот истакна дека СЈО работи по налог на Зоран Заев и СДСМ и тоа секогаш се активира по нивните потреби.
„Специјалното јавно обвинителство одамна го загуби кредибилитетот да води било какви постапки кои се поврзани со правото, меѓутоа го задржа приматот на еден од најистурените организавиони делови на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, односно алатка во функција на СДСМ секогаш кога им е потребно да постигнат некоја цел“, рече Јанкулоска.
Таа не сакаше да даде детали за тоа што се зборувало во СЈО и додаде дека ќе ја почитува тајноста на предистражната постапка.
„Јас како правник, личност која што одбрала професија да и биде правото, доследно го читам законот и тој вели дека постапките се тајни, меѓутоа очигледно некој го чита поинаку законот и со оглед на тоа што ве повикале овде мислам дека ќе бидат доволно коректни бидејќи веќе подолго време сте тука да ви соопштат за кој предмет“, рече екс министерката за внатрешни работи.