Претседателот на Русија, Владимир Путин, се пошегува поради преголемото внимание што му се придава и раскажа виц на оваа тема.
Путин на пленарната седница во рамки на Руската енергетска недела го прекина модераторот кој постојано му поставувал прашања само нему.
„Сакате да ви раскажам виц за еден израелски војник? Го прашале младиот војник: ‘Ако на тебе тргнат, да речеме, 20 терористи, што ќе направиш? ’Ќе земам узи и ќе пукам.’ Одлично, а што ќе направиш ако на тебе тргнат тенкови?’ ‘Ќе земам гранати и ќе се бранам.’ Одлично, а ако доаѓаат авиони, тенкови и терористи?’ ‘Господине, зарем јас сам се борам во израелската војска.’ Сакав само да ве прашам: зар јас сам учествувам на оваа панел-дискусија“, рече Путин.
По ова, модераторот ја променил темата и ветил дека ќе почне да им се обраќа и на другите учесници на дискусијата.